Бонучи: Јувентус ме понижи, а имам над 500 настапи за него!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи не може да се помири со тоа што му се случило во Јувентус и затоа реши да ја бара правдата на суд.

Бонучи помина 12 години во поранешниот италијански шампион, а сега го тужи калчолигашот за нарушување на имиџот.

„По многу шпекулации во медиумите, директорите на Јувентус на 13 јули ми кажаа дека повеќе не сум дел од нивниот проект. Тоа беше најголемо понижување кое сум го доживеал во овој клуб. За овој тим имам настапено над 500 пати. Алегри даваше лажни изјави. Не е вистина дека Јувентус ми соопштил пред повеќе месеци дека треба да се разделиме“, вели Бонучи.