Бонучи потврди дека ќе зборува со Роналдо за конфликтот од последниот натпревар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо буквално полуде кога Маурисио Сари го извади од игра на почетокот на второто полувреме на средбата помеѓу Јувентус и Милан.

Португалецот наводно го напуштил стадионот многу порано од завршувањето на натпреварот, нешто што не е во правилникот на тимот на Јувентус.

Капитенот на Јувентус, Леонардо Бонучи потврди дека ќе седне да зборува со Роналдо по неговиот последен испад.

„Ќе има време да се зборува, сега јас сакам да мислам само за националниот тим. Тој ќе игра за Португалија што значи дека е добро физички и психички. Кога ќе се врати во Торино, ќе има време и со сигурност ќе зборувам со него“ –изјави Бонучи.