Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од капитените на Јувентус, Леонардо Бонучи истакна дека Кристијано Роналдо не е во најдобра форма во моментов.
Одличниот стопер во интервју за „Скај Спортс“ посочи дека Роналдо има проблеми со повреди и дека токму поради тоа во моментов не е најдобар светски фудбалер.
„Овој месец тој не е физички најдобар, но кога е во тимот постојано сме посилни. Тој додава вредност на тимот. Се обидуваме да му помогнеме и да бидеме целосно достапни за неговите квалитети затоа што ако успееме во тоа, дополнително ќе ги кренеме неговите можности кои ќе помогнат на тимот“- изјави Бонучи.