Бонучи сега се „пере“: Поправен на изјавата која ја подигна Италија на нозе…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус пред две недели славеше на Сардинија каде падна Калјари со 2:0, а еден погодок постигна новата надеж на италијанскиот фудбал, Моис Кин.

Напаѓачот беше мета на домашните навивачи кои го навредуваа на расна основа, па тој одговори така што застана пред нив по постигнатиот погодок.

Голема бура подигна и неговиот соиграч, Леонардо Бонучи кој истакна дека Кин и навивачите се поддеднакво виновни што го осудија многумина.

Сега дефанзивецот на „Старата дама“ вели дека бил погрешно сфатен.

„Расизмот е скандал, тоа не би требало да постои во 2019. година. Се извинувам ако некој не ме разбрал, јас сум 100 проценти против расизмот. Слушнав навреди и сметам дека навивачите треба да бидат санкционирани. Би сакал Кин да славеше со своите соиграчи, а не сам“, истакна Бонучи.