Бонучи знае како може да ја победат Шпанија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Искусниот италијански дефанзивец Леонардо Бонучи знае дека неговата репрезентација може да избори финале на Европското првенство (ЕП), а знае и како може да ја победат Шпанија.

Италија и Шпанија вечерва играат од 21 часот во првото полуфинале на „Вембли“, а Бонучи е оптимист пред важниот натпревар за двете репрезентации.

„Нема фаворити во овој натпревар. Добро игравме, но уште ништо не сме освоиле. Има простор за напредок. Се сеќавам дека сите ја критикуваа Шпанија, но селекторот Луис Енрике беше во право кога ги бранеше своите фудбалери. Доколку против Шпанија играме како и во претходните 30 натпревари, тогаш сигурно ќе имаме позитивен резултат и место во финалето“, кажа Бонучи.