Борбата е закажана, Фјури дефинитивно се враќа


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот светски шампион во тешка категорија, британскиот боксер Тајсон Фјури ќе се врати на натпреварите на 11 април со борба против Русинот Арсланбек Махмудов, соопштија денеска организаторите.

“Возбуден сум што се враќам. Срцето секогаш било и ќе остане во боксот”, изјави 37-годишниот Фјури.

Борбата ќе се одржи во Велика Британија, но местото на одржување не е објавено.

“Возбуден сум поради оваа шанса. Дојдов да водам битка. Тајсон Фјури беше голем шампион. Ќе бидам поподготвен од кога било за да стигнам до голема победа”, изјави Махмудов, руски боксер кој живее во Канада.

Последен пат Фјури боксуваше во декември 2024 година, кога вторпат беше поразен од Украинецот Олександр Усик, а еден месец подоцна објави дека се повлекува од бокс.

Пред нивните два дуела, Фјури беше непоразен во 35 мечеви, од кои оствари 34 победи.