Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ентони Џошуа синоќа го совлада Кубрат Пулев и ја задржа светската титула во три верзии, а сега сите се надеваат на пресметка меѓу него и Тајсон Фјури, која дефинитивно ќе биде една од најголемите во боксот.
Промотерот Еди Херн зборуваше за можната борба и најави дека постои голема шанса таа да се случи набрзо.
„Многу се зборува за оваа борба, но Ентони е во право – не треба да се зборува толку многу, треба да се работи на организација на тој меч. Ентони сака да стане неприкосновен шампион. Тоа е единствената борба која во овој момент е важна за боксот. Најголемата можна, најголемата во историјата на британскиот бокс“, изјави Херн.
Џошуа после победата има резултат од 24 победи и еден пораз во професионалните борби, а шампион е во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО. Од друга страна Фјури е ВБЦ шампион и непоразен во својот 31 меч во професионалниот ринг – има 30 победи и едно реми против Вајлдер.