Борбата за ЛШ и Ла Лига ќе остане без награда: Перез нема ни евро да им даде на ѕвездите на Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Втора година по ред фудбалерите на Реал Мадрид нема да бидат наградени за освојување на трофеј, во овој случај во Лигата на шампиони (ЛШ) или во Ла Лига.

Последица од тоа е сериозната криза која ги тресе „кралевите“, поради пандемијата на ковид-19, како и намалените приходи затоа што нема публика на трибините.

Фудбалерите и членовите на стручниот штаб взборуваа за намалување на платата од 10%, а конечен договор немаше, иако дел од играчите се согласија на такво нешто.

Флорентино Перез и неговите соработници се обидуваат да ја спасат сезоната како што знаат затоа што буџетот ќе биде помал за 300 милиони евра.

За пласман во полуфинале вкупната заработка на Реал скокна на 100 милиони евра, а пласман во финале ќе значи и минимална заработка од 115 милиони евра.

Токму поради финансиската криза Перез не се откажува ниту од идејата за Суперлига.