Борец се засили со хрватски фудбалер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Еди Баша ја засили екипата на Борец за вториот дел од сезоната, а информацијата ја потврди тимот од Велес преку социјалните мрежи.

Баша пристигна како слободен фудбалер, откако претходно му заврши соработката со Копер од Словенија, а станува збор за крилен напаѓач.

Хрватот е трето засилување за Борец, откако тие претходно ги ангажираа Лука Трајковски и Алехандро Борха.

Борец утре ќе ги почне подготовките за вториот дел од сезоната во македонската Прва лига.

Хрватскиот интернационалец Edi Baša е најновата инвестиција на нашиот клуб. Baša е крилен напаѓач и со успех има…

Posted by ФК Борец 1919 – Велес on Thursday, January 7, 2021