Борини си заминува од Милан и се враќа во Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фабио Борини ќе си замине од редовите на Милан во јануарскиот преоден рок и ќе се врати во Премиер лигата.

Офанзивниот фудбалер кој настапуваше за тимовите на Ливерпул и Сандерленд би можел да потпише договор со тимот на Кристал Палас.

Клубот од  Лондон е во потрага по нов напаѓач, а наводно еден од играчите кои би можеле да го засилат тимот е Фабио Борини.

За Борини постои заинтересираност и од некои екипи од Серија А кои би сакале да го видат во својот тим.