Борко и Мишевски тргнаа со Вардар (Фото)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Најновите засилувања на ракометниот клуб Вардар, Борко Ристовски и Марко Мишевски го имаа првиот тренинг по враќањето во Скопје.

Борко по одличната интернационална кариера, се враќа за да помогне во тимот, но и да му помогне на младиот Марко Кизиќ да се развие во одличен голман пред кого ќе биде блескава иднина.

Во клубот се враќа и Марко Мишевски кој по крајот на минатата сезона си замина од Вардар и се пресели во Франција, но сега се врати во старото јато и се очекува да има поголема минутажа од Стевче Алушовски.