Борко Ристовски се враќа во Германија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативен голман Борко Ристовски повторно ќе брани во Бундеслигата, откако реши да се приклучи на Лемго кој има проблеми на голманската позиција.

Ристовски со неговото искуство ќе се обиде да го извлече Лемго од кризата во која се наоѓа, а македонскиот чувар на мрежата ќе игра два месеци на позајмица во германскиот бундеслигаш.,

Македонскиот голман се враќа во Вардар во 2023 година, кога со „црвено-црните“ ќе ги води најважните битки во домашното првенство.

Ристовски веќе има играно во Германија, каде што го носеше дресот на Рајн-Некар Левен и Губерсбах.