Борусија Дортмунд доби нов стратег!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Борусија Дортмунд му даде отказ на Лусиен Фавр поради лошите резултати, а како привремен тренер го постави Терзиќ, по што од следната сезона на кормилото ќе го имаат Марко Розе, кој доаѓа од Борусија Менхенгладбах.

Менхенгладбах објави дека нивниот тренер ќе се пресели во Дортмунд, а тие за оваа преселба најверојатно ќе добијат пет милиони евра.

Германецот се договорил со Дортмунд и ќе седне на кормилото по завршување на актуелната сезона во Бундеслигата.

Овој тренер веќе две сезони го предводи тимот од Менхенгладбах, а минатата сезона успеа да се избори за Лигата на шампиони.