Борусија Дортмунд го договори првото засилување за следната сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Борусија Дортмунд го договорија првото засилување за следната сезона.

На „Сигнал Идуна Парк“ ќе пристигне фудбалерот на Хофенхај, Нико Шулц кој игра одлична сезона во германскиот тим каде на 33 натпревари запиша осум асистенции, а постигна и два погодоци.

Германскиот интернационалец има откупна клаузула од околу 25 милиони фунти и истата ќе биде платена од страна на „Милионерите“.

26 годишниот Нико Шулц веќе има шест настапи во дресот на репрезентацијата на Германија каде има постигнато два гола.