Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Босна и Херцеговина беше погодена од големи поплави, при што животот го загубија најмалку 20 лица, а за малку можел да настрада и легендарниот босански кошаркар Мирза Телетовиќ.
Босанските медиуми пишуваат дека Телетовиќ се нашол заглавен и морал да бега низ кал и шума за да си го спаси животот.
Телетовиќ има голема инвестиција во хидроцентрала која не е во употреба, но морал да ја посети по повикот од Министерство.
Откако ги затворил вентилите на хидроцентраланата, се обидел со својот автомобил да тргне кон својот дом, но патот бил блокиран од двете страни.
„Мораше да го остави својот автомобил и да трча низ шума и кал да се пробие до куќата“, изјави Арман Ризвиќ кој е вработен во кафулето на Телетовиќ.