Бостон добива засилување за финалето против Далас во НБА-лигата


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Кошаркарите на Бостон селтикс ќе се борат против Далас маверикс за титулата во НБА-лигата оваа сезона.

Бостон доби големо засилување пред финалето затоа што свое враќање најави Кристапс Порзингис, кој беше надвор од паркетот повеќе од еден месец поради повреда.

Порзингис во просек оваа сезона постигнуваше по 20 поени, седум скокови и две асистенции по меч, но пропушти дури 16 натпревари во плејофот на НБА-лигата.

Првиот меч од големото финале во НБА е закажан за 6 јуни во Бостон.