Божиќна магија на Гордон и забивање на годината (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Арон Гордон со спектакуларно забивање во НБА-лигата го реши мечот меѓу Денвер и Феникс (128-125) на 24 секунди до крајот на продолженијата.

Гордон се проби по десната страна, а противнички кошаркар се намести со цел да извлече прекршок во напад, но не му успеа.

Вакво забивање се гледа ретко затоа што Гордон леташе две секунди во воздух пред да ја забие топката во кошот.

Судиите прво досудија прекршок во напад, но потоа следеше пауза и прегледување на снимката по што беше признаен кошот.