Брахим Диаз играше само пет минути и ги воодушеви фановите на Милан (ВИДЕО)


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Талентираниот шпански напаѓач влезе во игра синоќа во 85. минута на местото на Хакан Чаланоглу во триумфот на Милан против Шамрок роверс со 2-0 во второто квалификациско коло од Лига Европа.

Диаз не доби премногу простор за игра, како и Сандро Тонали, кој влезе исто така на пет минути пред крајот, но на Шпанецот му беше доволно да направи потег, кој ги воодушеви сите навивачи на тимот од Милано.

Напаѓачот мајсторски, со пета, измами двајца фудбалери на Шамрок и на крајот одлично му додаде на Кастиљехо, кој не успеа да постигне гол.