Братот на Јокиќ збесна и нападна навивач во сала (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер го победија Сан Антонио по продолженија со резултат од 136:134. Одличен натпревар беше виден во Колорадо, а во центарот на вниманието беше дуелот меѓу двајцата најдобри играчи на денешницата – Никола Јокиќ и Виктор Вембанјама.

Победата на крајот ја однесе српскиот ас кој одигра импресивен натпревар и постигна 40 поени, со осум скокови и 13 асистенции.

Не беше само на теренот интересно, туку и на трибините. Братот на Никола Јокиќ, Страхиња, имаше жестока расправа со еден навивач на Спарс. Судирот изби затоа што споменатиот фан на Сан Антонио се смееше гласно поради одлуката на судиите да му доделат фаул на Јокиќ (слободни фрлања).