Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Младиот англиски репрезентативец, 19-годишниот Џобе Белингам, кој го воведе Сандерленд во Премиер лигата, се наоѓа во Германија и преговара за премин во Ајнтрахт од Франкфурт, објавија британските медиуми. За него се заинтересирани и Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг. Во неделата, извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоахим Вацке, беше во Англија и разговараше со Белингам и неговото семејство за доаѓање на Вестфален.
Може да се случи Џобе да тргне по стапките на неговиот постар брат Џуд, кој како тинејџер замина од Бирмингем Сити во Борусија. Германскиот клуб му обезбеди најдобар можен играчки развој и по три сезони во дресот на бундеслигашот во летото 2023 за 113 милиони евра се пресели во Реал Мадрид.
Џобе Белингам исто така поминал низ младинската школа на Бирмингем Сити, за да во јули 2023 се пресели на Стадион светлината. Минатото лето го продолжи договорот со “Црните мачки”, кој важи до јуни 2028 година. Тоа значи дека новиот работодавец ќе треба да плати висока отштета за англискиот У-21 репрезентативец.
Последниве две сезони Џобе Белингам блескаше во дресот на Сандерленд, а пред три дена “Црните мачки” на Вембли во финалето на квалификациите за Премиерлигата победија со 2:1 против Шефилд Јунајтед и по осум години се вратија во елитната класа на англискиот фудбал.
Фото: Принтскрин