Братот на газдата на ПСЖ го најави новиот тренер на францускиот гигант


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Долго време се шпекулира низ медиумите дека нов тренер на ПСЖ ќе стане Зинедин Зидан, иако негова желба е да ја предводи француската репрезентација.

Меѓутоа, братот на претседателот на ПСЖ, Бин Хамад Калиф Ал-Тани објави порака со која најави дека нов тренер на парижаните ќе биде Зидан.

Човекот кој претходно го најави трансферот на Лионел Меси во Париз, сега тврди дека Маурицио Покетино ќе биде заменет од одличниот француски стратег.

Очигледно Ал-Тани знае што се случува во Париз и во францускиот гигант, но не може да се воздржи, па ја известува јавноста пред воопшто медиумите да дознаат нешто.

Наводно, двете страни се договорени и наскоро се чека официјална промоција на Зидан.