Братот на Игуаин: Одбивме продолжување на договорот со Наполи!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Гонзало и неговиот менаџер исткакнаа дека не ја прифатија понудата на Аурелио Де Лаурентис.

Неочекувано! Николас Игуаин, брат и менаџер на Гонзало Игуаин, откри дека тие заеднички одлучиле да не го продолжи договорот со Наполи кој на масата го стави Ауреило Де Лаурентис со што Игуаин ќе станеше најплатен во историјата на италијанскиот фудбал со 7 милиони евра годишно без бонуси.

Како што сега стојат работите, Аргентинецот има договор до 2018 година и откупна клаузула останува 94 милиони евра.

„Апсолутно нема да го продолжиме договорот ако останат работите вакви. Одлучивме да го одбиеме продолжувањето на договорот. Таква е ситуацијата. Претседателот ја бара таа  голема клаузула, ние имаме право да го одбиме продолжувањето  на договорот. Ќе видиме што ќе се случи во следната година со Наполи, неговиот договор истекува во 2018 година. Гонзало е професионалец и ќе го испочитува договорот максимално. Ќе тренира како и досегта и ќе дава се од себе“, истакна Николас.

Моментално Пари Сен Жермен е клуб кој се споменува како можен купец на Аргентинецот кој имаше тешко искуство во финалето Копа Америка. Се споменуваат уште клубови од Островот како Челси и Ливерпул.