Братот на Пол Погба призна дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед контактирал со Зидан, но само…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Рамос во една изјава посочи дека Пол Погба би бил добредојден воредовите на Реал Мадрид, а некои медиуми пренесоа дека тој лично го контактирал франуцскиот фудбалер.

Сепак, според Матијас Погба, братот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, тие двајца не се слушнале, но Пол остварил контакти со Зинедин Зидан. Сепак тој посочи дека Погба контактирал со Зидан само затоа што се Французи и се познаници од претходно.

„Знам дека брат ми зборувал со неколку фудбалери, но не и со Рамос. Со кои? Меси. Понекогаш зборува, но не секогаш. Со Златан. Со Гризман, затоа што се заедно во националниот тим. Не знам дека зборувал со некој од Реал Мадрид. О, да, контактира со Рафаел Варан и секако дека со Зидан, но тоа нема врска со Реал, туку затоа што се Французи“- истакна Матијас Погба за „Ел Чирингито“.