Братот на ѕвезда на Тотенхем застрелан пред ноќен клуб во Франција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минувачите го пронашле телото на братот на Серж Орие, кој бил застрелан во 5 часот наутро во Тулуз, по што била повикана Итната помош, но таа не му помогнала.

Братот на фудбалерот на Тотгенхем, Кристофер е пронајден пред ноќен клуб со рана на стомакот од огнено оружје, а го пронашле минувачи, кои викнале Итна помош. Човекот кој го застрелал не бил забележан на лице место и тој во моментов е во бегство.

Кристофер играше фудбал, како и неговиот брат. Пред 10 години беше на проба во англиски брентфорд, но не успеа да ја мине, а негов последне клуб беше францускиот петолигаш Тулуз Родео.

Полицијата работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на човекот кој го застрелал Кристофер.