„Браво за Миовски, но мислам дека требаше да даде хет-трик!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во шкотското првенство, па постигна пет гола на пет настапи за Абердин, а во претходниот дуел постигна дури два погодоци и имаше шанса за хет-трик.

Миовски постигна два од петте гола против Ливингстон (5-0), но имаше и шанса за хет-трик, но сепак одбил да го шутира вториот пенал за екипата и му ја препуштил можноста на колега Вини Бесижен.

Тренерот Џим Гудвин е пресреќен што Миовски направил таков потег и му дал поддршка на соиграчот.

„Не решавав јас ништо за пеналите. Бојан е наш прв изведувач, но ми се допадна тоа што му даде шанса на својот колега. Иако мислам дека требаше да постигне хет-трик и мислам дека ќе жали за пропуштената шанса“, кажа Гудвин.