Бразил ја прегази Јужна Кореја и закажа четвртфинале со Хрватска (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Бразил славеше со 4-1 против Јужна Кореја и обезбеди место во четвртфинале каде ќе игра со Хрватска која на пенали ја елиминира Јапонија.

„Кариоките“ го решија мечот во првите 36 минути, откако постигнаа четири гола, и тоа преку Винисиус Жуниор, Нејмар, Ришарлисон и Пакета, по што Ј. Кореја успеа да намали на 1-4 во финишот на натпреварот преку Паик Сон-Хо.

Победникот од мечот меѓу Бразил и Хрватска ќе игра против подобриот од дуелот Холандија – Аргентина.