Бразил конечно победи пред својата публика


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После два нерешени дуели, конечно ја имаа првата победа на ОИ пред своја публика. Ја совладаа Данска со 4:0 а најталентираните играчи кои се на мета на големи европски гиганти се запишаа во листата стрелци.

Во првото полуврем Габриел Хесус и Габриел Барбоса веќе познат на сите како „Габигол„ ги постигнаа првите два голови. Барбоса стрелаше и во второто полувреме уште еднаш за конечни 4:0, а во листата на стрелци се запиша и Луан кој е доста следен од скаутите на Барселона.

Со оваа победа се пласираат во 1/4 финале каде за противник ќе ја имаат Колумбија, лутиот ривал на Бразилците. Колумбија ја совлада веќе пласираната Нигерија со 2:0.

Двојките за 1/4 финале се следните:

Бразил – Колумбија

Нигерија – Данска

Јужна Кореја – Хондурас

Португалија – Германија