Бразил остана без две ѕвезди до осминафинале на Мундијалот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми по првиот меч на Мундијалот во Катар, затоа што им се повредија две ѕвезди против Србија (2-0), а тоа се Нејмар и Данило.

Нејмар и Данило ќе мора да паузираат одреден период, а бразилски „Глобо“ објави дека ги чека пауза до нокаут-фазата на Светското првенство.

Ѕвездата на ПСЖ има повреда на лигаментите на зглобот, додека Данило ги истегнал лигаментите на скочниот зглоб, па во следниот период ќе одмораат и со нив ќе работи медицинска екипа.

Бразил в понеделник игра против Швајцарија, додека четири дена подоцна ќе се соочи со Швајцарија.