Бразилците го нападнаа Нејмар зашто не беше на погребот на Пеле

Бразилскиот фудбалер Нејмар ги налути навивачите затоа што вчера не се појави на погребот на легендарниот Пеле.

Нејмар на погребот го испрати неговиот татко, а со тоа покажа непочит кон бразилската легенда и ги налути Бразилците.

„Нејмар многу лесно можеше да го убеди ПСЖ да го пушти на погребот. Неколкупати барал дозвола за разни забави и секогаш ја добивал“, пишуваат медиумите.

Таткото на бразилскиот фудбалер на погребот кажа дека Бразил загубил големо фудбалско име и легенда која била инспирација за многу генерации.