Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Фудбалскиот сојуз на Бразил бара дозвола од ПСЖ да го пушти Нејмар за Олимписките игри во Токио, каде што тие ќе ја бранат титулата.
Олимписките фудбалски репрезентации се составен од фудбалери до 23 години, како и три сениорски фудбалери.
Напаѓачот на ПСЖ во 2016 година беше еден од тројцата сениори кои играа на ОИ во Рио де Жанеиро, каде што Бразил го освои златниот медал по изведување на пенали.
ПСЖ нема обврска да го пушти Нејмар на ОИ, бидејќи тоа не е официјален турнир на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Ако Нејмар доби довола, тогаш ќе има напорно лето, зашто се очекува да игра и на Копа Америка.