Бразилците останаа без селекторот и Петруш пред почетокот на СП


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилската ракометна репрезентација се соочува со огромни проблеми поради ковид-19, па сега има двајца нови члена кои се заразени, а тоа се Тиагуш Петруш и селекторот Маркус Тата.

Овие двајца добиле позитивни тестови на последното тестирање и нема да можат да настапат на Светското првенство (СП), кое се одржува во Египет од 13 до 31 јануари.

Бразилците ќе бидат предводени од помошниците на селекторот, а репрезентацијата е во група со Полска, Шпанија и Тунис.