Бразилецот не попушта: Нејмар ја продолжи „војната“ со ПСЖ


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Нејмар пред две години потпиша за ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но очигледно жали затоа што ја напушти Барселона, зашто сфати дека тоа не беше најдобар потег.

Веќе со недели се шпекулира дека Бразилецот ќе се врати во Барселона и тој сега се обидува на секаков начин да ја натера управата да го продаде.

Откако стигна на подготовките, Нејмар редовно тренира со екипата, но и понатаму одбива да игра на пријателски натпревари.

Каталонски „Спорт“ објави утринава на својата насловна страна дека Нејмар ја продолжил „војната“ со управата на парижаните и одбил да разговара со нив, па јасно порачал дека сака да замине во Барселона.

Наводно, парижаните го губат трпението со него, па конечно во следните денови треба да донесат одлука за иднината на Бразилецот.