Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Џонатан Балотели е новото летно засилување на нашиот тим. Бразилецот со 27 години, ќе го засили нападот на „црвено-црните“, точно пред натпреварите од ЛШ. Тој е веќе дел од екипата и напорно работи со останатите играчи.
Станува збор за фудбалер со потекло од Бразил, каде веќе има настапувано за клубови како Виторија-Пе, Фрибугуенсе, Пескеира, Аудакс, Макае, Калдас Новас, а во Вардар се приклучува од Трабалхадоре. Ангажманот во составот на нашиот тим ќе биде неговото прво интернационално искуство, а договорот е во времетраење од две години.
„Среќен сум што сум дел од клубот, но само што пристигнав, сигурен сум дека ме чека многу работа. Ми треба повеќе време за да се запознам со сите и да се навикнам на новата средина. Знам дека Вардар е голем клуб во Македонија и дека изминатава сезона го освоија првото место во лигата, а мојата желба е и другата година да се повтори тоа заедно со мене, исто така се надевам на успех во европските натпреварувања“, изјави Балотели.