ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Новинарот Родолфо Гомез изнесе серија шокантни обвинувања на сметка на славниот Бразилец Нејмар.
Гомез на својата платформа за време на лајв преносот на фудбалерот на Сантос го претстави како разуздана личност која е зависна од алкохол и ноќен живот.
Бразилецот некогаш важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот. Имаше блескави настапи во Барселона и Пари Сен Жермен и многумина сметаа дека сигурно ќе освоеше Златна топка ако не се нашол во ерата на Меси и Роналдо. За жал, последниве години не е ни бледа сенка на играчот кој своевремено со својата фудбалска вештина ги воодушевуваше навивачите ширум светот.
Во јануари годинава се врати во својот матичен клуб Сантос по неуспешната епизода во Саудиска Арабија. Фановите веруваа дека ќе успее да ја оживее кариерата, но тоа не се случи. Во последно време има проблеми со повреди, па не го гледаме толку често на теренот.
Бразилскиот новинар Родолфо Гомез откри дека Нејмар нема да го видиме како игра фудбал до крајот на годината, а покрај здравствените проблеми, Гомез изрази загриженост и поради навиките кои Нејмар ги практикува надвор од теренот. Според неговите тврдења, фудбалската звезда усвоила рутина која никако не се препорачува за професионални спортисти.
Новинарот тврди дека Нејмар е зависен од виски кое редовно го меша со енергетски пијалаци. Секој ден пуши наргиле и забавува до раните утрински часови, па оди на спиење околу 4-5 часот наутро.
Повикувајќи се на извори блиски до Нејмар, Гомез открива дека тренинзите на Сантос почнуваат подоцна затоа што Бразилецот останува во клубовите до доцна во ноќта.