Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Металург има големи амбиции следната сезона, а тоа го покажува и нивната активност при ангажирање на нови ракометари. Најново засилување на клубот од Автокоманда е бразилскиот репрезентативец Енрике Тешеира.
Тешеира пристигнува од ЧСМ Букурешт од Романија и игра на средната бековска позиција, па воедно е четврто засилување за Металург.
Екипата од Автокоманда претходно ги ангажираше Момир Рниќ, Никола Потиќ и Бранко Канкараш, кои треба да помогнат во борбата во Лигата на Европа.