Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Гремио и репрезентативец на Бразил, Евертон најави дека би бил заинтересиран да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.
Фудбалерот е посакуван од неколку европски клубови, а на вчерашното отворање на Копа Америка против Боливија постигна спектакуларен гол.
„Јас сум играч кој секогаш се труди да стигне на врвот. Играта на лево со дриблинзи и завршници ми годи. Клубовите од Европа го имаат овој стил на игра, а јас можеби би се вклопил во Манчестер Јунајтед.“ –истакна Евертон.
Играчот би бил вреден околу 40 милиони фунти, сума која не би требало да претставува проблем за Манчестер Јунајтед.
Everton ?#Brasil#CopaAmerica ? pic.twitter.com/uNY0Tg24lT
— Lonelyman (@ManLonelYT) June 15, 2019