Бразилски тим се опари од трансферите на Касемиро и Антони


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во претходните денови се засили со двајца бразилски фудбалери, а тоа се Касемиро кој дојде од Реал Мадрид и Антони од Ајакс.

Трансферот на Антони чини 100 милиони евра, а од трансферот ќе се опари и бразилскиот тим Сао Паоло, кој ќе добие 20 отсто од целата сума.

Тоа значи дека Сао Паолои ќе добие 20 милиони евра од трансферот на Антони, но и дополнителни 2,8 милиони евра од трансферот на Касемиро, а причина за тоа се клаузулите кои ги имаа со клубовите кои ги продадоа двајцата бразилски фудбалери.

Тренерот Ерик Тен Хаг доби голем број засилувања летово и главна цел ќе му биде да го врати паднатиот гигант на врвот.