Бразилскиот вундеркинд на чекор од Олд Трафорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер Јунајтед е на прагот од доведување на ново засилување во овој преоден рок.

Евидентно е дека Манчестер Јунајтед ќе изгледа потполно подруго во следната сезона, што поради доаѓањето на Жозе Мурињо, што поради промената на ростерот на екипата.

После очајната сезона која ја предводеше Луј Ван Гал, конечно дојде време за подобри денови на Олд Трафорд, па така е прифатена понудата на Јунајтед од дури 15 милиони фунти за бразилскиот вундеркинд Габриел Хесус.

Фудбалерот на Палмеирас игра спектакуларно во Бразил, па со своите игри привлече внимание на сите големи европски екипи, но Манчестер Јунајтед на крајот би бил најзадоволен.