Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Брегалница обезбеди место во прволигашката конкуренција на Македонија, па денеска го претстави првото големо засилување за следната сезона, а тоа е Даниел Мојсов кој доаѓа од АЕК Ларнака, каде што играше во претходните пет сезони.
Екипата од Штип потпише двегодишен договор со Мојсов, кој се враќа во Македонија по 11 години, откако претходно играше за Војводина, Бран, Лирс, Адана и АЕК Ларнака.
„За нас ова е големо задоволство затоа што добивме големо засилување за следната сезона. Станува збор за искусен интернационалец и поранешен репрезентативец кој треба да донесе стабилност во екипата“, соопштија од Брегалница.
Брегалница ќе ги почне подготовките за следната сезона, а првиот меч го играат на 3 јули против Борец во Пехчево.
ФОТО: ФК Брегалница