Брејди потпиша договор вреден 375 милиони долари: Нема да оди во пензија уште 10 години!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот Том Брејди најави пензија, па не издржа долго по што објави дека се враќа на теренот. Сепак, свесен е дека крајот е блиску и почна да размислува за друга работа.

Првиот чекор веќе го направи и Брејди потпиша 10-годишен договор вреден 375 милиони долари, па ќе соработува со „Фокс“.

Брејди по крајот на кариерата како играч ќе се пресели во студиото во улога на стручен консултант за натпреварите од НФЛ-лигата и ќе заработи многу милиони.

„Брејди нема да биде дел само за најавите на натпреварите, туку ќе има улога и на амбасадор и ќе промовира различни настапи, чест ни е што ќе соработуваме“, соопштија од компанијата.