Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот селектор Данило Брестовац ги избра ракометарите за настапот на Светското првенство во Египет, а во составот ги нема ветераните Борко Ристовски, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.
Во репрезентацијата има дури седум дебитанти, а тоа се Мартин Томовски, Никола Даниловски, Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Дарко Георгиевски и Михајло Младеновиќ.
Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски и Никола Даниловски.
Крила: Димитар Димитроски и Цветан Кузманоски, Мартин Поповски и Ненад Костески.
Бекови: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски и Мартин Серафимов.
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски и Жарко Пешевски.