Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Данило Брестовац го објави конечниот список на повикани ракометари за натпреварите против Финска и Швајцарија.
Најголемо изненадување е што на списокот не се најдоа Борко Ристовски и Гоце Георгиевски од Вардар. По избирањето на списокот Брестовац порача дека е ова списокот и ако има проблеми поради ситуацијата со коронавирусот местата ќе се пополнат со играч од домашното првенство.
Целиот список можете да го погледнете – тука.
„Тоа е списокот, но ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со играчите од странство. Коронавирусот не доведе во една специфична ситуација и сите сме во исчекување. Во овој момент најавите се дека сите повикани ќе дојдат, меѓутоа во ваква ситуација не можете да бидете сигурен. Ако се појави некое откажување ќе пополниме со играч од домашното првенство“, вели Брестовац.
Првиот натпревар ќе го играме против Финска дома во на 4 ноември.
„Со Финска нема да биде лесно. Денес сите знаат да играат ракомет и тоа мора да се признае. Спсиокот кој го објавив оди во насока на подмладување, очекувам тој тренд да продолжи. Знам дека сите што ќе настапат ќе го дадат максимумот. Можеби некои ракометари во клубовите немаат голема минутажа, но сега ќе имаат шанса да се покажат. Сакам и да потенцирам дека ниту еден ракометар кој не е на списокот, не е отпишан“, изјави Брестовац.