Брестовац го објави списокот со ракометари за двомечот со Исланд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометната репрезентација на Македонија на 10 и 14 април ќе игра два дуели со Исланд во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а денеска новиот селектор Данило Брестовац го објави списокот со ракометари.

Брестовац за претстојните дуели повика 19 ракометари, па меѓу нив има и двајца дебитанти, а станува збор за Бојан Мачовски и Томислав Јагуриновски.

Кога станува збор за голманите, во селекцијата се повикани Никола Митревски и Борко Ристовски, а од останатите репрезентативци во тимот се Кире Лазаров, Филип Талески, Стојанче Столов, Филип Кузмановски, Дејан Манасков…

Исто така, Брестовац реши да не му даде шанса на Филип Лазаров, па тој ќе ги скокне репрезентативните предизвици.