До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се соочува со можноста дека неговата одлука да игра на ограничен број турнири може да ги загрози шансите за освојување на рекордната 25-та гренд слем титула.
Ѓоковиќ во завршната фаза на кариерата јасно стави до знаење дека фокусот на настапите на турнирите од серија 1000 повеќе не е на исто ниво, што го потврди со повлекувањето од турнирот во Мајами, како и одлуката да го прескокне Монте Карло.
Ваквите одлуки веќе имаат последици. Германецот Александер Зверев го презеде третото место на АТП листата, додека Ѓоковиќ ризикува понатамошно падјање.
Иако бодовите му се веќе не приоритет, пласманот меѓу четирите најдобри носи огромна тактичка предност – избегнување на дуелите со Карлос Алкарас и Јаник Синер сè до полуфиналето на гренд слем турнирите.
Поранешниот британски број еден Грег Руседски смета дека тоа е сржта на проблемот.
“Не е важно за бодовите, туку за носителите. Мора да остане во Топ 4. Ако падне, би можел порано да игра против Алкарас, Синер или Зверев, а тоа значително го отежнува патот до титулата”, го предупреди Руседски.
















