Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Британскиот боксер Амир Кан има свое мислење и теорија за ситуацијата со пандемијата на коронавирусот, која го парализираше целиот свет.
Неговиот коментар го крена Островот на нозе, но и светската јавност. Тој смета дека вирусот не бил направен од Кина, туку луѓе го создале при употреба на 5Г мрежа.
„Не мислам дека вирусот доаѓа од Кина. Тоа е лага, луѓето зборуваат дека се создал таму затоа што Кинезите јаделе лилјаци и змии. Тоа е ср*ње, верувате ли во тоа? Јас не. Вирусот го направи човек и тоа со причина. Верувам дека вирусот е создаден при употреба на 5Г мрежа… Зарем не мислите и вие така?“, прашува Кан.