Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Изгледа дека клетвата на дресот со број седум во Манчестер Јунајтед конечно се ближи кон крај. Откако Кристијано Роналдо во 2009 година беше продаден на Реал Мадрид, единствениот играч кој ја оправда тежината на славната “седумка” беше токму тој самиот за време на неговиот втор мандат на Олд Трафорд. Сега, Мејсон Маунт покажува знаци дека би можел да го прекине тој негативен ред, пишува The Sun.
Меѓу двата престојa на Роналдо во клубот, дресот што го прославија Џорџ Бест, Брајан Робсон, Ерик Кантона и Дејвид Бекам го носеа Мајкл Овен, Антонио Валенсија, Анхел Ди Марија, Мемфис Депај, Алексис Санчез и Единсон Кавани. Никој од нив не остави поголем впечаток.
Овен беше погоден од повреди, Валенсија бараше враќање на стариот број 25, Ди Марија замина по само една година, Депај истраја 18 месеци, а Санчез се покажа како целосен неуспех. Кавани имаше солидна сезона со 17 голови, но често беше недостапен.
Сè до оваа сезона се чинеше дека и Мејсон Маунт ќе се придружи на таа неславна листа. Донесен во 2023 година за 68 милиони евра, во првите две сезони се бореше со повреди и формата. Под водство на Ерик тен Хаг играше на различни позиции, а изостави дури 31 натпревар во првата и 30 во минатата сезона.
Неговата неодамнешна победа против Кристал Палас беше првиот натпревар во првенството што го одигра од почеток до крај за клубот уште од ноември 2023 година.
















