Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид игра одлично сезонава во Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ), па се надева дека ќе ги освои трофеите на крајот на сезоната, но веќе претседателот Флорентино Перез почна да размислува за засилувања.
Познато е од претходно дека шпанскиот гигант е заинтересиран за услугите на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, а британски „Сан“ објави зошто Реал Мадрид е сигурен дека ќе ги купи двете млади ѕвезди.
Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Вацке е добар пријател со претседателот Перез и свесен е за интересот на „кралевите“ за Халанд, па планира да го продаде за сума од 63 милиони фунти, колку што изнесува неговата откупна клаузула од следното лето.
Меѓутоа, проблем се неговите татко Алф-Инге и менаџерот Мино Рајола, кои преку плата и дополнителни бонуси ќе се обидат да добијат околу 400 милиони фунти за пет години.
Халанд досега постигна 76 гола на 74 настапи за „милионерите“, но на крајот на сезоната би можел да ја заврши неговата двеипол годишна авантура во Германија.
Допрва треба да се водат преговори и со Мбапе, кој има договор до крајот на сезоната со ПСЖ, па тој треба да пристигне на слободен трансфер во Мадрид, доколку не се случи некаков пресврт и остане во Париз, иако е мала веројатноста за такво нешто.
Мбапе за „Си-Ен-Ен“ вчера кажа дека не планира да се пресели во Реал Мадрид во јануари, но не ја отфрли можност за преселба во јуни или јули, па така останува отворен патот до шпанската престолнина.