Бројки кои покажуваат дека Ѓоковиќ е најдобар во историјата: Надал е далеку зад него!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рафаел Надал славеше против Новак Ѓоковиќ, а потоа го освои Ролан Гарос и му избега по број на гренслем-титули, но „Ултимејттенистатс“, која се занимава со тениски податоци вели дека Србинот е најдобар во историјата.

Кога ќе се земат сите параметри во предвид, Ѓоковиќ има 975 бодови, втор е Роџер Федерер со 933, додека Надал е трет со 882 бодови, па затоа се доаѓа до заклучок дека Србинот е најдобар, а Шпанецот е далеку зад него.

Надал има неверојатни способности, но Ѓоковиќ има поголема ефикасност, а посебно на едно место Надал е полош од Ѓоковиќ.

„Најслаб аргумент на Надал, а најсилен на Ѓоковиќ е бројот на недели поминати на првото место. Ѓоковиќ е најдобар во историјата со над 370 недели на првата позиција, додека Рафа помина само 209 недели на врвот“, велат аналитичарите.