Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Синот на легендарниот Леброн Џејмс, Брони успешно се рехабилитира по операцијата на срцето и наскоро ќе се врати на паркетот.
Брони доживеа срцев удар на крајот на минатата сезона, по што се шпекулираше дека ќе се откаже од спортот, меѓутоа сега доаѓаат одлични вести од семејството Џејмс.
„Брони ќе ни се приклучи идната недела и ќе почне со тренинзи. Се надеваме дека ќе закрепне целосно и ќе го гледаме во првиот тим“, соопштија од медицинскиот тим на УСЦ.
Леброн е среќен што Брони се враќа на теренот, но засега не му се оствари желбата да заигра заедно со син му во ист тим.