Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џејмс Харден веќе осум години е кошаркар на Хјустон рокетс, но новинарот Фарбод Еснашари од „Спорт Илустрејтед“ објави дека Бруклин нетс почнале преговори за да ја ангажираат „Брадата“.
Американските медиуми пишуваа претходно дека Харден ќе остане верен на Хјустон во момент кога се појавија шпекулации дека Расел Вестбрук ќе го напушти тимот, но реалноста најверојатно е поинаква.
Заминувањето на Харден би значел распад на тандемот со поранешните кошаркари на Оклахома, но би се создал друг, зашто во Бруклин ќе му се приклучи на Кевин Дурант, со кој настапуваат заедно во Оклахома.
Во најава би можеле да видиме ново фантастично трио во НБА, зашто минатата година во Бруклин пристигна и Кајри Ирвинг.
Ирвинг знае како е да се биде шампион, откако ја освои титулата во 2016, додека Дурант го доби прстенот во 2017 и 2018, а нема сомнеж дека со помош на харден ќе бидат одлично трио.
A source is telling me that the Nets have engaged in talks with the Rockets. James Harden for a variation of: Spencer Dinwiddie, Caris LeVert, Taurean Prince, and Jarrett Allen.
— Farbod Esnaashari (@Farbod_E) November 14, 2020
Nothing finalized, but Harden to Nets seems like real possibility. If finalized, announced on Nov 22.